Özcan Yıldırım
25 Март 2019•Ажурирај: 26 Март 2019
АНКАРА (АА) - Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, истакна дека одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) за признавање на израелската сувереност врз Голанската Висорамнина и бомбардирањата на Израел врз Газа кои се случија во истовреме, претставува една нова манифестација на антимировниот конфликтен менталитет, пренесува Anadolu Agency (AA).
Калин во објава на Твитер реагираше против потегот на американскиот претседател Трамп, кој го потпиша претседателскиот декрет со кој официјално го признава израелскиот суверенитет врз Голанската Висорамнина.
„Одлуката на САД за Голанската Висорамнина и бомбардирањата на Израел врз Газа, кои се случија во истовреме, претставува една нова манифестација на антимировниот конфликтен менталитет. Од кого било да се поддржат, окупаторските и воените политики се нелегитимни и противчовечки“, напиша Калин.