A. Eda Ünlü Özen
28 Октомври 2019•Ажурирај: 28 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Портпаролот на Претседателството на Турција, Ибрахим Калин, истакна дека борбата на Турција против ДЕАШ продолжува ефикасно и понатаму, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нашата борба против ДЕАШ и понатаму ќе продолжи ефективно. Особено во сирискoто подрачје ние ќе продолжиме со нашите напори, да се осигураме ДЕАШ да не покажувa присуство во кој било регион кој е под наша контрола.“
Калин се осврна на убивањето на водачот на ДЕАШ истакнувајќи дека тоа е важно достигнување и нешто што ќе ја засили решителноста во борбата против тероризмот.
„Но, ние гледаме дека има напори, да се покаже, особено во Сирија, дека терористичката организација ЈПГ има свој удел во операцијата. Сите треба да бидат внимателни кон тие напори“, додаде Калин.