Orhan Onur Gemici,Sertaç Bulur
10 Август 2018•Ажурирај: 11 Август 2018
АНКАРА (AA) - Најмалку 11 лица се уапсени, од вкупно 22 за кои е распишана потерница во рамките на истрагата против терористичката организација ФЕТО/ПЈД. Истрагата се води против структурите на ФЕТО во рамките на Вооружените сили на Република Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде АА, Републичкото обвинителство во Анкара започна истрага откако е увидено дека припадниците на ФЕТО воделе комуникација преку специјални телефони.
Потоа е распишана потерница за најмалку 22 лица.
Безбедносните сили рано утрово започнаа истовремена акција за апсење во Анкара, Ескишехир, Сивас, Билечик и Афјонкарахисар, а во овие акции се уапсени најмалку 11 лица, за кои се сомнева дека се поврзани со ФЕТО.
Се работи за офицери во Турската војска, меѓу кои се шест бивши пилоти. Се дознава, исто така, дека три лица се уапсени во тек на поранешните истраги.