Selman Tür
28 Јуни 2018•Ажурирај: 30 Јуни 2018
БАТМАН (АА) - Републичкото обвинителство во турскиот град Батман, во рамките на истрагата против терористичката организација ФЕТО, издаде налог за апсење на најмалку 57 офицери на турската војска во 28 градови, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу 57-те офицери за кои Републичкото обвинителство во Батман издаде налог за апсење, се 21 припадник на жандармеријата, 30 припадници на воздухопловните сили и шест припадници на копнените сили на Турската армија.
Станува збор за офицери кои имаат чинови потполковник, мајор, капетан и натпоручник.
Акцијата за апсење на офицерите поврзани со ФЕТО е во тек.
Терористичката организација ФЕТО во 1970-те години почна да ги инфилтрира своите поданици во безбедносните институции на Турција, во 1980-тите значително ги зајакна своите паралелни структури во тие институции и на крајот, на 15 јули 2016 година, изврши неуспешен обид за воен удар, со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраната турска власт.
Турските надлежни институции водат опсежна истрага во судските постапки против оваа терористичка организација.