Cemil Murat Budak,Serdar Açıl
04 Септември 2020•Ажурирај: 06 Септември 2020
АНКАРА
Во рамките на истрагата за инфилтрираните елементи на терористичката организација ФЕТО, во рамките на Командата на копнените сили на турската војска, наредено е лишување од слобода на 27 осомничени лица, вклучувајќи и седуммина активни службеници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Налог за приведување издаде Канцеларијата на обвинителството во Анкара, која таквата мера ја изрече по собирањето на доказите дека се работи за лица кои се поврзани со терористичката организација ФЕТО.
Постапувајќи по налогот, турската полиција започна акција за приведување на 27 поранешни и активни подофицери на турската војска.
Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција во ноќта на 15 јули 2016 година.
Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.
Припадниците на таа терористичка организација, со години, преку местење испити напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, приврзаниците на ФЕТО во правосудството на Турција со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.
Неколку години подоцна следуваше и крвавиот неуспешен обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обид за пуч, кој го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрираше во турската војска.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа околу 2.200 лица.