Halil Demir
30 Март 2016•Ажурирај: 31 Март 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – Турската полиција утрово изврши претрес во Редакцијата на весникот "Yuruyus", кој ја подржува терористичката организација ДХКПЦ, при што приведени се пет лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван полициски службеник за АА изјави дека припадниците на Одделот за борба против тероризмот со поддршка на специјалната полиција извршил претрес на Редакцијата на весникот, во истанбулскиот кварт Султангази.
Акцијата ја подржаа и противпожарната екипа и една полициска екипа од хеликоптер, а на специјалците им требаше час и половина да влезат во станот чии ѕидови беа зајакнати одвнатре со челична оплата.
Приведени се пет лица кои биле во објектот.
Со претресот на редакцијата утврдено е дека во една просторија бил запален оган во кој се уништени сите пишани и дигитални записи на комуникација на уредништвото со лидерите на терористичката група ДХКПЦ.
Истиот извор тврди дека во моментот на започнувањето на полициската акција, лицата во станот биле поврзани преку видеолинк со лидерите на организацијата во Грција. Паралелно со тоа, неколку маскирани лица се обиделе да го блокираат квартот во кој е извршена полициската акција а очевидци тврдат дека слушнале истрели од огнено оружје.
Терористичката група ДХКПЦ изврши серија напади во Турција меѓу кои е и нападот на амбасадата на САД во Анкара и Генералниот конзулат на САД во Истанбул. Се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД, Велика Британија како и Европската унија. Крајна цел на оваа терористичка организација е да го собори постоечкиот уставен поредок во Турција.