Hikmet Faruk Başer
29 Август 2023•Ажурирај: 01 Септември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот град Истанбул пречека 1,87 милиони туристи во јули, што е најголем број на пристигнати туристи во последната деценија, јавува Анадолу.
Бројот на странски туристи што го посетија Истанбул во јули е зголемен за 6 отсто за разлика од истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Дирекцијата за култура и туризам на Истанбул.
Околу 1,82 милиони посетители пристигнаа во градот по воздушен пат и 49.681 по морски пат.
Русите го зазедоа првото место меѓу странските туристи по бројност во Истанбул во јули (185.636), потоа се Германците (135.568), а на трето место Саудијците (105.041).
Потоа следуваат туристите од САД, Иран, Франција, Велика Британија, Ирак, Кувајт, Израел и Холандија.
Истанбул, пак, во првите седум месеци од годинава го посетиле вкупно 9,77 милиони странски туристи, што е за 15 отсто повеќе на годишно ниво.
Всушност, еден од секои тројца странски туристи што ја посетиле Туркије дошол во Истанбул во првите седум месеци од годината.