Halil Demir
12 Септември 2017•Ажурирај: 12 Септември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 25 осомничени за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ се лишени од слобода, во рамките на акцијата на турската полиција, извршена денес во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Антитерористичката операција во Истанбул започна со цел да се уапсат тројца истакнати членови на ДЕАШ кои беа налогодавци на терористички активности во Турција.
Полицијата изврши претрес на објектите на три адреси, и од слобода ги лиши трите барани лица и уште 23 осомничени.
Од вкупно 25 приведени, 22 се странски, тројца се турски државјани.
За време на претресот, запленети се повеќе документи, дигитални материјали и опрема, кои ќе се користат како доказ во продолжението на истрагата.