Etem Geylan
27 Октомври 2018•Ажурирај: 27 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Заврши четирилатералниот Самит за Сирија, чиј домаќин беше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на кој учествуваа претседателот на Русија, Владимир Путин, претседателот на Франција, Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беше домаќин на четирилатералниот Самит, кој се одржа во резиденцијата Вахдетин во Истанбул.
Самитот на кој беше разговарано, пред сѐ, за ситуацијата во Идлиб по Договорот од Сочи, општите настани на терен, како и за процесот на политичко решение, траеше 2 часа и 45 минути.
На Самитот учествуваа претседателот на Турција, Ердоган, претседателот на Русија, Владимир Путин, претседателот на Франција, Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел.
На состанокот беа присутни и турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, турскиот министер за трезор и финансии, Берат Албајрак, турскиот министер за национална одбрана, Хулуси Акар, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, како и специјални советници и претставници од Германија и Франција.
На овој Самит за првпат се состанаа и специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, и претставници од малата група формирана во Женева од страна на платформата од Астана.
Главната точка на дневниот ред на овој четирилатерален Самит за Сирија беше консолидирање на примирјето во Идлиб, заедничките напори за политичко решение за кризата во Сирија и за настаните на терен, ситуацијата во Идлиб по Договорот од Сочи, како и за процесот на политичко решение кој е во тек во Астана и Женева.
По Самитот, лидерите ќе одржат прес-конференција.