Hanife Sevinç
29 Август 2016•Ажурирај: 30 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - На третиот мост на Босфорот, мостот „Јавуз Султан Селим”, отворен во петокот, поради големиот интерес на граѓаните, но и нивните желби да направат фотографии на новиот мост, се создадоа долги колони возила, јавува Anadolu Agency (AA).
Сообраќајот започна во петокот навечер, а интересот за време на викендот беше голем.

Одредени возачи ги успоруваа возилата додека го преминуваа мостот, некои излегуваа од возилата и ја фотографираа панорамата што го отежна сообраќајот.
Поради тоа, полицијата мораше да ги предупредува возачите да продолжат со движењето.

Инаку, сетанува збор за еден од најшироките мостови на светот, а воедно и најдолг висечки мост со железнички систем. Вкупната должина на мостот е 2,1 километар, широчина 59 метри, висината на носечките столбови изнесува 322 метри и распон 1.408 метри. Мостот има осум сообраќајни ленти и две шини.
Се очекува третиот мост на Босфорот да заштеди 1,75 милијарди долари годишно, во смисла на трошоци на енергија и заштеда на време. Она што, исто така, го прави специфичен е фактот дека железничкиот систем се наоѓа на исто ниво, на главниот дел на мостот.