Dejan Maksimoviç
29 Јуни 2016•Ажурирај: 29 Јуни 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Воздушниот сообраќај на Меѓународниот аеродром „Ататурк” во Истанбул, со синоќешниот терористички напад, утрово се врати во нормала, јавува Anadolu Agency (AA).
Дел од аеродромот на кој се случи експлозија и вооружен напад на патниците е затворен, а останатите делови утрово продолжија со работа.
Официјалните лица утрово почнаа со проценка на штетата која е причинета на меѓународниот терминал, каде што се случи нападот. Работниците ги острануваат остатоците по експлозијата, а дневната светлина ги покажа вистинските размери на силниот терористички напад.
Турските власти сторија се со цел да ги оспособат влезовите и излезите на аеродромот и да го нормализираат сообраќај во што и успеаа.
Во терористичкиот напад на аеродромот „ Ататурк ” во Истанбул убиени се најмалку 36 лица, додека речиси 150 се повредени. Одговорност за нападот сеуште не презеде никој, но синоќа турскиот премиер Бинали Јилдирим рече дека сознанијата на истражните органи укажуваат на тоа дека нападот е дело на ДАЕШ.