Sinan Uslu
29 Јуни 2016•Ажурирај: 30 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Турската артилерија и коалициските воздухопловни сили изведоа напади врз позициите на терористичката организација ДАЕШ на северот од Сирија, во кои се уништени 15 терористички позиции, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска јавува дека радарските системи и извидницата од турската граница во изминатите 24 часа откриле активни позиции на ДАЕШ на северот од Сирија, од кои терористите подготвувале ракетни напади врз Турција.
Турската артилерија со тенковите „Фиртина“ и други ракетни фрлачи, ги гранатираше и во целост ги уништи позициите на ДАЕШ.
Коалициските воздухопловни сили, кои во борбата против ДАЕШ ги предводи САД, исто така изведоа девет воздушни акции и ги нападнаа позициите на ДАЕШ во северниот пограничен појас на Сирија.
Турската артилерија веќе неколку недели од границата ги надгледува активностите на терористите во сеерниот пограничен појас во Сирија и во склад со ангажманот на пограничните сили на Турција, ги гранатираше позициите од кои, претходно, во повеќе наврати се изведени ракетни напади на градот Килис, во јужниот дел од Турција. Од проектилите на ДАЕШ во претходниот период загинаа две, а повредени беа 70 лица.
Паралално со овие акции, турските воздухопловни сили изведоа нови воздушни напади на позициите на терористичката организација ПКК во планинскиот регион на Кандил, на северот од Ирак.
Во тие напади погодени се вкупно три терористички засолништа во кои имало поголем број припадници на ПКК. Уште не е прецизно утврдено за загубите кои турските воздухопловни сили им ги нанесоа на терористите.
Турските бомбардери ден претходно изведоа жестоки напади врз позициите на ПКК на подрачјето на планината Кандил, при што се убиени најмалку 38, а ранети 7 терористи.