Fatih Hafız Mehmet
29 Мај 2017•Ажурирај: 30 Мај 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Вкупно 1.453 камиони дефилираа денес на местото каде што се гради третиот аеродром во Истанбул, во обид да го соборат гинисовиот рекорд за најдолгата колона од камиони, јавува Аnadolu Agency (AA).
Според соопштението на IGA (Istanbul Grand Airport), градежната компанија задолжена за изградба на аеродромот, камионите се движеле со рамномерна брзина, во должина од 3,2 километри.
Во соопштението се вели дека речиси 3.000 луѓе биле на располагање за парадата којашто траеше еден час и 47 минути. За подготовките беа потребни седум часа.
Настанот го следеа и претставници од Гинис. Досегашниот рекорд го држи Холандија, со парада од 416 камиони којашто се одржа во 2004 година.
Говорејќи на настанот, извршниот директор на ИГА, Јусуф Aкчајоглу, истакна дека членовите на компанијата извеле тешка задача по повод одбележувањето на 564. годишнина од освојувањето на Истанбул.
Акчајоглу додаде дека слично како и освојувањето на Истанбул, и новиот аеродром ќе започне една нова ера во авијацијата кога ќе заврши неговата изградба.
На 29 мај 1453 година, султанот Мехмед II го освои Истанбул, кој тогаш се нарекуваше Константинопол, од каде што Византијците владееја со Источното Римско Царство повеќе од 1.000 години.