Ekipa
29 Мај 2017•Ажурирај: 29 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Во антитерористичките акции спроведени во Турција, од 22 до 29 мај, неутрализирани се 54 терористи. Од нив 46 се убиени, а осуммина се предале, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека во последните седум дена се извршени 483 антитерористички акции.
Приведени се 170 лица кои им помагале на терористите, 43 лица осомничени за поврзаност со ДЕАШ, 1.128 луѓе во рамките на борбата против терористичката организација ФЕТО, а 23 лица во борбата против левичарските терористички организации.
Во акциите спроведени во Батман, Бинѓол, Дијарбакир, Елазиг, Хакќари, Муса, Ширнак и во Ван, уништени се 11 засолништа и пештери, како и 11 експлозивни направи.
Припадниците на безбедносните сили запленија 2,5 тони материјал за изработка на експлозиви, 32 рачни бомби, 27 парчиња оружје и 3.200 парчиња муниција.
Во 73 града беа организирани 691 акција против трговијата со дрога, која е значајно средство за финансирање на терористичките организации.
Меѓу другото, беа запленети повеќе од шест тони хашиш, 188 килограми хероин, осум килограми кокаин, четири килограми опиум и метамфетамин, а уапсени се и 993 луѓе.
Во рамките на борбата против илегалната миграција, фатени се 2.494 лица, од кои 536 во морињата, а беа уапсени 78 лица под сомнение за организирано нелегално преминување на границата.
Во акциите против кибер-криминалот, направена е анализа на 1.342 налози на социјалните мрежи, каде што се величеле терористичките организации, меѓу кои и ФЕТО, ДЕАШ, ПКК, а бил застапен и говор на омраза и поттикнување на непријателство. Притворени се 55 од 132 идентификувани лица.
Исто така, во текот на минатата недела беше организирана и обемна полициска операција „Мир и спокојство на Турција ‒ 6“, во која учествуваа 71.531 припадник на турската полиција, жандармерија и на крајбрежната стража.