Турција

Ирски бенд изрази поддршка за Палестина на концерт во Истанбул

Присутните во публиката, исто така, извикуваа слогани како „Слободна Палестина“, дополнително засилувајќи ја пораката на бендот

Ömer Mirza Şeker  | 30.06.2025 - Обновена : 30.06.2025
Ирски бенд изрази поддршка за Палестина на концерт во Истанбул

ИСТАНБУЛ (АА) - Ирскиот пост-панк бенд „Фонтејнс ди-си“ изрази солидарност со Палестина на својот концерт во Истанбул во неделата, при што палестинското знаме беше истакнато на сцената за време на целата изведба, јавува Анадолу.

Присутните во публиката, исто така, извикуваа слогани како „Слободна Палестина“, дополнително засилувајќи ја пораката на бендот.

Концертот се одржа во паркот „Кучук чифтлик“ и го одбележа првото појавување на бендот во Турција, според организаторите на настанот Епифони и УРУ.

Бендот го отвори настапот со песната „Here’s the Thing“, а потоа изведе повеќе свои познати песни, вклучувајќи ги „Boys in the Better Land“,„It’s Amazing to Be Young“, „In the Modern World“ и „Starburster“.

Членовите на групата изразија благодарност до фановите и ја споделија својата возбуда што за првпат настапуваат во Истанбул.

Инаку, Ирска се смета за една од најголемите поддржувачи на Палестина во Европа.

Во мај годинава, заедно со Шпанија и Норвешка, ја призна палестинската државност и отворено ја критикува израелската војна во Газа.






На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.