Турција

Иранскиот амбасадор во Анкара со благодарност до Турција за медицинската помош

Феразменд истакна дека САД, кои воведоа економски санкции кон Иран, не им дозволуваат на европските земји да испратат хуманитарна помош за Иран

Selena Sametli, Mustafa Melih Ahıshalı  | 30.03.2020 - Обновена : 02.04.2020
Иранскиот амбасадор во Анкара со благодарност до Турција за медицинската помош

ИСТАНБУЛ (АА) - Амбасадорот на Иран во Турција, Мухамед Феразменд, ѝ се заблагодари на Турција за хуманитарната и медицинската помош испратена до Иран, во рамките на борбата против новиот вид коронавирус, Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во изјавата за АА Феразменд нагласи: „Ѝ благодариме на Турција што ни испрати медицинска помош.“

Наведувајќи дека пандемијата „Ковид-19“ предизвика невидена криза во светот во последните години, Феразменд додаде дека Соединетите Американски Држави (САД), кои воведоа економски санкции кон Иран, не им дозволуваат на европските земји да испратат хуманитарна помош за Иран.

„Сите земји во светот мора да се соединат и да се спротивстават на овој разорувачки вирус, оставајќи ги настрана политичките и географските разлики“, потенцираше амбасадорот Феразменд.

- Медицинската помош пристигна во Иран -

Иранската студентска новинска агенција ИСНА соопшти дека воениот авион на Иран со медицинска и хуманитарна помош од 10 тони испратена од страна на Турција во борбата против Ковид-19 пристигна во Иран.

Во рамките на помошта испратени се лекови, маски, облека за изолација, ракавици, наочари, термометри, средства за дезинфекција на раце и површини.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.