Турција

Измир: Во акции против ДЕАШ приведени десет лица

Приведени се десет лица за кои е утврдено дека дејствувале во име на ДЕАШ и дека се поврзани со подрачјата во Сирија во кои траат судирите

Mustafa Yıldırım  | 10.04.2019 - Обновена : 10.04.2019
Измир: Во акции против ДЕАШ приведени десет лица

ИЗМИР (АА) - Во акција против терористичката организација ДЕАШ организирана во Измир, приведени се десет странци, јавува Anadolu Agency (AA).

Полициските екипи за борба против тероризмот во утринските часови извршија истовремени акции на неколку адреси во овој турски град.

Приведени се десет сомнителни лица, меѓу кои девет Сиријци и еден државјанин на Грузија, за кои е утврдено дека дејствувале во име на ДЕАШ и дека се поврзани со подрачјата во Сирија во кои траат судирите.

При претресот, меѓу останатото, запленета е поголема количина документи и дигитален материјал.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın