Турција

Земјотрес со јачина од 5 степени го потресе Медитеранот

Епицентарот на земјотресот е на 58 километри оддалеченост од Фетије, во турската југозападна област Мугла

Nilay Kar  | 03.10.2019 - Обновена : 03.10.2019
Земјотрес со јачина од 5 степени го потресе Медитеранот

МУГЛА (АА) - Земјотрес со магнитуда од 5 степени го потресе денес Медитеранот, јавува Anadolu Agency (AA).

Агенцијата за управување со вонредни ситуации на Турција (AFAD) соопшти дека потресот е почувствуван во 7:44 утринава по локално време.

Епицентарот на земјотресот е на 58 километри оддалеченост од Фетије, во турската југозападна област Мугла.

Гувернерката на Мугла, Есенѓул Џивелек, истакна дека засега нема пријавена материјална штета.

Земјотресот е почувствуван и во подрачјето на Даламан, Којџегиз и Мармарис.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.