Aziz Aslan,Mehmet Sıddık Kaya,Hasan Namlı
25 Јануари 2020•Ажурирај: 27 Јануари 2020
ЕЛАЗИГ (AA) - Едно женско лице е спасено од под урнатините на зграда по 19 часа во турскиот град Елазиг кој е погоден од земјотрес, јавува Агенција Анадолија (АА).
Припадниците на спасувачките екипи во квартот Мустафа Паша од под урнатините успешно извлекоа жена која потоа е префрлена во болница.
Во Елазиг и понатаму траат акциите за спасување во кои учествуваат вкупно 1.167 спасувачи и 235 возила.
Во земјотресот со јачина од 6,8 степени по Рихтер кој вчера го погоди градот Елазиг, на истокот на Турција, смртно настрадаа 22 лица, а повредени се 1.030 лица.
Епицентарот на земјотресот со 6,8 степени по Рихтер е регистиран во местото Сивриџе, недалеку од градот Елазиг, во близина на границата со Сирија. Земјотресот се почувствува и во околните градови Адана, Хатај и Османије и на подрачјето на северните делови на Сирија и Ирак.