Mücahit Türetken
14 Јануари 2017•Ажурирај: 14 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Згаснат е пожарот кој избувна во болницата Хамидије Етфал за обука и истражување во Шишли, јавува Anadolu Agency (AA).
На влезот од клиниката Хазин Бумин за гинекологија, на одделот за интензивна нега на новороденчиња, од засега се уште непознати причини избувна пожар.
Противпожарните екипи земајки го под контрола, успеале да го згаснат пожарот. За време на гасењето на пожарот, 7 болни од одделот за интензивна нега и болни кои биле третирани во други служби се префрлени во безбедни делови од болницата Хамидије Етфал за обука и истражување во Шишли.
На малиот број лица кои биле зафатени од димот на пожарот, здравствените екипи им пружиле помош.
Противпожарните екипи ги продолжуваат напорите за празнење на просториите на болницата од димот ко се создал при пожарот и неговото гасење, ладење на опожарените места, а истовремено спроведуваат истрага за изнаоѓање на причината на пожарот.