Merve Özlem Çakır
12 Јули 2019•Ажурирај: 12 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Претседателството за одбранбена индустрија при Кабинетот на претседателот на Турција соопшти дека првата фаза од испораката на одбранбениот систем „S-400“, кој Турција го набавува од Русија, започнала денес со слетувањето на првиот авион во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Претседателството за одбранбена индустрија при Кабинетот на претседателот на Турција, во рамките на проектот „Систем за противвоздушна одбрана од долг опсег и ракетна одбрана“ денеска започнала првата фаза од испораката на „S-400“ со слетувањето на првиот авион во Анкара.
Испораките на делови од системот ќе продолжат во наредните денови. Откако системот целосно ќе биде подготвен, ќе почне да се користи како што ќе определат надлежните органи.