Özüm Yalkın
28 Септември 2016•Ажурирај: 29 Септември 2016
БРИСЕЛ (АА) - За трошоците што Турција ги прави за сириските бегалци кои се згрижени во земјата, Европската комисија ја потврди одлуката за директно префрлање средства во висина од 300 милиони евра на Министерството за образование и 300 милиони евра на Министерството за здравство, јавува Anadolu Agency (AA).
Во моментов, поддршката што се дава на Турција е за трошоците направени на полето на здравството за сириските бегалци и задолжителното образование на децата бегалци.
ЕУ на Самитот Турција-ЕУ, кој се одржа на 29 ноември 2015 година, се обврза дека на Турција до крајот на 2017 година ќе ѝ обезбеди фонд од 3 милијарди долари.