Fatih Hafız Mehmet,Ecenur Çolak
28 Септември 2016•Ажурирај: 29 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за Европска Унија (ЕУ) и главен преговарач, Омер Челик, даде остра критика на изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан, кој по средбата со ко-претседателот на курдската Демократска партија на народите (ХДП) Селахатин Демирташ изјави дека Турција и терористичката организација ПКК ги гледа како подеднакви учесници. Челик изјави: „Турција не може да се споредува со терористичката организација ПКК, чии раце се крвави“, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Челик, на својот профил на Твитер ја критикуваше изјавата на еврокомесарот Хан по средбата со Демирташ, во која упатил повик: „Страните да стојат настрана од насилството“ и „ХДП ќе одигра клучна улога“.
Министерот Челик истакна дека не е можно како еднакви учесници да се гледаат Турција, во својата легитимна борба против теророт на ПКК, и терористичката организација ПКК, чии раце се крвави.
Тој изрази искрено сомневање во оваа изјава на еврокомесарот, бидејќи ЕУ ја признава ПКК како терористичка организација, но вели дека ХДП не го признава тоа.
„Во тој случај, како е можно ХДП да одигра „клучна улога“. Доколку се размислува со истата логика, тогаш и во борбата против ДАЕШ, е потребно коалиционите сили и ДАЕШ да се гледаат како еднакви учесници“.
Министерот Челик смета дека ова не е вистинскиот начин за поддршка на ЕУ за Турција, во нејзината борба против тероризмот, и дека е потребно Унијата на курдската Демократска партија на народите (ХДП) да ѝ предложи да се дистанцира од терористичката организација ПКК.