Турција

Ердоган: „Турција ќе разговара за купување на американскиот Патриот"

„Реков без оглед на пакетот.... Добиваме S-400, а можеме од вас да купиме одредена количина на ракети Патриот“, изјави Ердоган

Zehra Nur Düz  | 14.09.2019 - Обновена : 15.09.2019
Ердоган: „Турција ќе разговара за купување на американскиот Патриот"

АНКАРА (АА) - Официјална Анкара ќе разговара за купување на американските ракети Патриот на состанокот на челниците на двете земји при крајот на овој месец, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во разговор за новинската агенција Ројтерс, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Реков без оглед на пакетот.... Добиваме S-400, а можеме од вас да купиме одредена количина на ракети Патриот“, изјави Ердоган.

„Но, кажав дека мораме да ги видиме условите кои барем се поклопуваат со S-400“, нагласи турскиот претседател.

Ердоган претходно разговараше за купување на ракетниот штит Патриот со американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор, а за тоа прашање подетлано ќе разговара со Трамп на Генералното собрание на ОН во Њујорк при крајот на овој месец.

„Според мое мислење, земја како САД повеќе нема да сака да го повреди својот сојузник Турција. Тоа не е рационално однесување“, изјави Ердоган.

Ердоган исто така изрази надеж дека ќе биде надмината моменталната криза меѓу двете земји.

САД во јули го суспендираше учеството на Турција во програмата Ф-35, истакнувајќи дека турското купување на рускиот противракетна одбрамбена програма S-400 би можела да ги загрози нивните борбени авиони, кое Турција упорно го негира.

Турција произведува некои делови на борбените авиони F-35, а исто така е партнер во програмата за производство. Исто така претходно предупреди дека секој напор да се отстрани од производниот ланец ќе биде скапо платен.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.