Seda Sevencan,Faruk Zorlu
09 Мај 2022•Ажурирај: 10 Мај 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција никогаш нема да го принуди сирискиот народ да се врати во својата татковина, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Сиријците можат да се вратат во својата татковина кога ќе посакаат, но ние никогаш нема сосила да ги натераме да ја напуштат оваа земја“, рече Ердоган во обраќањето на настанот по повод 32-годишнината од Независното здружение на индустријалци и бизнисмени на Турција.
Ердоган нагласи дека Турција ќе продолжи да биде домаќин на Сиријците и нема да ги остави на „рацете на убијците“.
Сирија е во граѓанска војна од почетокот на 2011 година, кога сирискиот режим ги разби продемократските протести.
Според официјалните податоци на ОН, над 350.000 луѓе ги загубиле животите во конфликтот, но групите за човекови права проценуваат дека бројот на загинати е меѓу 500.000-600.000.
Според ЕУ, над 14 милиони луѓе се принудени да ги напуштат своите огништа и да станат бегалци или внатрешно раселени.