Ердоган: Турција е лидер во инвестициите во зелена енергија, зголемувајќи го уделот на обновливи извори на над 60 %
Говорејќи на 11-от Форум и изложба за енергетска ефикасност во Истанбул, Ердоган нагласи дека енергетските потреби во светот се зголемуваат од година во година паралелно со зголемувањето на бројот на населението и растечката економија

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес рече дека Турција е лидер во инвестициите во зелена енергија, зголемувајќи го уделот на обновливи извори, од оваа година, на над 60 % од вкупната енергија, јавува Анадолу.
Говорејќи на 11-от Форум и изложба за енергетска ефикасност во Истанбул, Ердоган нагласи дека енергетските потреби во светот се зголемуваат од година во година паралелно со зголемувањето на бројот на населението и растечката економија.
„Друга работа што вреди да се напомене е дека зголемената побарувачка за енергија сигнализира не само раст и развој на населението, туку и зголемен просперитет. Паралелно со ова зголемување се шири и просперитетот, употребата на енергија, а особено електричната енергија“, рече тој.
„Само во првите осум месеци од оваа година, плативме 26 милијарди долари за увоз на енергија. Работиме вредно за да ја намалиме оваа сметка“, рече Ердоган.
„Нашата дневна потрошувачка на нафта е околу 1 милион барели. 160.000 барели од ова набавуваме од сопствени ресурси.“
Турскиот претседател истакна дека иако Турција постигнала значителен напредок во откривањето на гас во Црното Море и нафта во Габар, сликата пред неа е дека сè уште има „извесен пат“ да помине.
„Моментално сме на петтото место во светот со четири активни бродови за дупчење и два сеизмички истражувачки брода. Со влегувањето на нашите нови бродови во инвентарот, ќе се искачиме на четвртото место“, изјави Ердоган.
Осврнувајќи се и на целокупната економија на Турција, Ердоган рече дека тие очекуваат зголемување на економијата на земјата на 1,9 билиони долари, и на националниот приход по глава на жител на 21.000 долари до 2028 година.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.