Dilara Hamit
05 Јануари 2020•Ажурирај: 06 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вечерва во Анкара изјави дека Турција вложува големи напори за намалување на тензиите меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Турскиот претседател порача дека Турција отсекогаш се противела на надворешните интервенции во регионот.
„Турција секогаш се противеше на странскиот интервенционизам во регионот“, порача Ердоган.
Во врска со убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани, Ердоган рече дека смета дека овој потег на САД, Иран нема да го остави без одговор.
„Мислам дека е потребно тензиите да се стават под контрола пред да дојдат до точка кога сите страни ќе претрпат уште поголема штета“, рече турскиот претседател.
Ердоган гостувајќи на телевизискиот канал Си-ен-ен Турк (CNN Turk) ја најави и посетата на рускиот претседател Владимир Путин, кој ќе ја посети официјална Анкара во среда, 8 јануари.
Претседателите на Турција и Русија ќе разговараат за билатерални и регионални прашања, а доминантна тема, како што рече, ќе биде проектот на гасоводот „Турски тек“.