АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека со поморскиот договор меѓу Турција и Либија, Анкара на светот му покажала дека е посветена за заштитување на своите права под меѓународното право, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган во интервју за Турската радио-телевизија (ТРТ) говореше за различни актуелни теми.
Турскиот претседател нагласи дека ќе ги реализираат нивните заеднички пребарувачки активности во ексклузивната економска зона која ја утврдиле тие како Турција и Либија преку нов взаемен договор.
„Со овој договор, другите меѓународни актери без да добијат одобрение нема да можат да вршат активности за пребарување во зоните определени од страна на Турција. Јужен Кипар, Египет, Грција и Израел во оваа зона не можат да формираат тек за пренос на природен гас без одобрение на Турција. Затоа не е можно да направите отстапка од оваа точка. Овие чекори сигурно е дека се во согласност со меѓународните поморски права“, рече Ердоган.
„Ќе земеме уште еден брод за дупчење.Активностите ќе би продолжиме не само на Медитеранот, туку и на Црното Море како и во меѓународните води“, додаде турскиот претседател.
Ердоган говореше и за протестите во Франција, каде беше повреден во окото фоторепортерот на Агенција Анадолија (АА), Мустафа Јалчин.
„Посакуваме брзо заздравување на нашиот брат Мустафа Јалчин (фоторепортер на АА повреден од страна на француската полиција). Изразот 'диспропорционална моќ' секогаш го употребуваат кога им треба. На телевизиските екрани гледаме како полицијата ги влече по земја луѓето, без да прави разлика меѓу жени и мажи“, истакна турскиот претседател.
„Франција не може да најде време да се справи со внатрешните проблеми, бидејќи се занимава со надворешни прашања“, нагласи Ердоган.
Од друга страна, тој укажа и на безбедносната зона во Сирија, и додаде: „Нашиот план и нашата цел во безбедносната зона е сместување на еден милион луѓе, во зоната меѓу Тел Абјад и Рас ал Ајн."
На 27 ноември, Турција и Владата на национално помирување на Либија (УМХ), признаена и од страна на Обединетите нации (ОН), постигнаа билатерален меморандум, кој ги потврдува правата на Турција на Источниот Медитеран против едностраните дупчења на грчката администрација на Северен Кипар, нагласувајќи дека Турската Република Северен Кипар исто така има права за изворите во оваа зона.