Турција

Ердоган: „Работевме деноноќно да ги преврземе раните на унесреќените во земјотресот во Измир“

Ердоган говореше на церемонијата на предавање на станбените единици на лицата чии домови беа уништени во земјотресот во Измир, октомври 2020 година

Ferdi Türkten  | 26.11.2021 - Обновена : 27.11.2021
Ердоган: „Работевме деноноќно да ги преврземе раните на унесреќените во земјотресот во Измир“ Фото: Mehmet Emin Mengüarslan/AA

ИЗМИР (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека посветено е работено на санирањето на штетата и преврзувањето на раните на унесреќените во земјотресот во Измир, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган зборуваше на церемонијата на предавање на станбените единици на лицата чии домови беа уништени во земјотресот во Измир, октомври 2020 година.

Турскиот претседател изрази сочувство до семејствата на 117-те жртви во земјотресот.

Ердоган изјави дека внимателно е следен секој процес од спасување до извлекување на луѓето под урнатините. Тој потсети дека многу организации, како Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), Тимот за медицинско спасување (UMKE) и Црвената полумесечина ја споделиле болката на повредените во земјотресот, но презеле и конкретни чекори за решавање на многу прашања.

Тој изјави дека и во Измир, како што беше случај и претходно, биле организирани механизми за пружање помош и на повредените им била пружена помош во многу краток рок.

„Работевме деноноќно да ги преврземе раните на унесреќените, се трудевме, никого не оставивме гладен, на отворено, незаштитен, сам и во безизлезна состојба“, изјави Ердоган.

Тој рече дека веднаш е започнато со изградбата на неколку стотици станбени единици и деловни објекти.

„Ветивме дека за една година ќе почнеме да ги предаваме овие куќи. Денеска го исполнуваме ветувањето и станбените и деловните простори ги враќаме на оштетените“, изјави Ердоган.

Тој додаде дека ќе бидат предадени 741 станбена единица и деловен простор.

Ердоган изјави дека се надева дека до крајот на годината ќе бидат довршени и предадени 397 станбени единици, што е прва фаза од проектот на тоа подрачје.

Тој истакна дека го одржале секое ветување досега.

„Станбените единици кои денеска ги предаваме, се најнов показател дека стоиме зад своите зборови“, изјави Ердоган.

Потсети дека по земјотресот во Измир не застанале само на преврзување на раните кои оваа непогода ги предизвика, туку дека се забрзани и активностите на урбана трансформација во Измир.

Граѓаните ги повика што побрзо да ги реконструираат ризичните градби, затоа што не се знае кога ќе дојде до нови природни катастрофи.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.