Kemal Karadağ
17 Април 2017•Ажурирај: 17 Април 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека вчерашната победа на референдумот за уставни реформи е голем и историски успех, но дека никој не смее да се занесува со победата, туку дека сите треба да продолжат посветено да работат на изградбата на голема и силна Република Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган вчера престојуваше во Истанбул, а по враќањето во Анкара денес го дочекаа десетици илјади граѓани на аеродромот Есенбога.
Во придружба на сопругата Емине Ердоган, тој од автобусот ги поздрави граѓаните насобрани долж улицата во Анкара, а потоа во обраќање им се заблагодари на сите граѓани кои вчера во демократски дух излегоа на референдумот со кој според прелиминарните резултати е одобрено спроведувањето на уставните реформи и преминување од парламентарен во претседателски систем на управување во таа земја.
„Минатата ноќ ја анализирав особено ситуацијата на источниот и југоисточниот дел на земјата. Патеката е сменета и работите одат кон подобро. Ќе биде подобро, уверен сум во тоа. Не заборавајте го ноември 2019 година кога ќе бидат одржани претседателските системи. Синоќа беше истрелана сигнална ракета за престојните избори. Победите никогаш нема да не занесат”, порача Ердоган.
Претседателот Ердоган изјави дека Турција се соочила со напади на „крстоносната свест на Западот”, но дека народот на таа земја уште еднаш покажал како се наклонува и на тлото се паѓа само пред Бога.
„Секогаш зборувавме и повикувавме на единство и братство во земјата. Зарем сите ние Турци, Курди, Бошњаци, Романци, Алевии, сунити и други не сакаме ист Господар. Само така можеме да бидеме силни и непоколебливи пред непријателите и предизвиците. Такви и ќе бидеме и заедно ќе ја градиме Турција”, изјави Ердоган.