Турција

Ердоган: „Нобеловата награда е дискредитирана, нема никаква вредност"

Истакнувајќи дека претставници на Турција дефинитивно нема да учествуваат на церемонијата за доделување на таа награда, претседателот Ердоган рече дека наградувањето на таков убиец, е исто како да се дејствува заедно со бруталноста

Mehmet Tosun  | 10.12.2019 - Обновена : 10.12.2019
Ердоган: „Нобеловата награда е дискредитирана, нема никаква вредност"

„АНКАРА (АА) - „Нобеловата награда е дискредитирана. Се однесува како политичка и идеолошка организација. За мене нема никаква реална вредност“, истакна претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).  

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во рамките на Светскиот ден за човекови права, на Универзитетот „Билкент“ во Анкара се состана со студентите.  

- „За мене Нобеловата награда нема никаква вредност“

Претседателот Ердоган истакна дека ако некој ден му биде доделена Нобеловата награда, нема да ја прими.

„Нобеловата награда е дискредитирана. Се однесува како политичка и идеолошка организација. За мене нема никаква реална вредност“, нагласи претседателот на Турција.

Тој, исто така, истакнувајќи дека претставници на Турција дефинитивно нема да учествуваат на церемонијата за доделување на таа награда, рече дека наградувањето на таков убиец, е исто како да се дејствува заедно со бруталноста.  

- „Во Европа има сериозна криза за лидери“

Во своето обраќање на тематската програма „Секој човек еден свет“ истакна дека меѓу лидерите во светот има такви што имаат и такви кои немаат тајна агенда.

„На пример, во Заливот го сакам шеикот Темим затоа што е млад и динамичен. Бидејќи, каде и да има сиромашни земји во светот, тој е со нив, им помага. Кога ќе дојдеме во Европа, има сериозна криза на лидери. Немам храброст да кажам ’Во Европа овој лидер е пример‘“, нагласи Ердоган.

Ердоган рече дека еден од лидерите што му се допаѓал за време на неговиот мандат е германскиот канцелар Герхард Шредер.

„Како водач на социјалдемократите, навистина добив многу од Шредер, од неговата чесност. Тој беше важен лидер на Германија. На пример, направи реформи. Канцеларката Меркел сега ја искористи целата ефикасност на реформите. Навистина беше значајно име. И покрај шпекулациите за него, Берлускони во Италија беше еден од лидерите што ми се допаѓаше. Соработката со Италија во тоа време беше многу добра. Благодарејќи на него, тогаш ги презедовме чекорите за нашите хеликоптери Атак“, рече Ердоган.  

Посочувајќи дека има водачи во Африка со кои може да се соработува, Ердоган истакна: „Но, Африка сѐ уште не е свесна за ова. Таму има таков проблем. Во последно време, без разлика дали ви се допаѓа или не, господинот Трамп е важно име во тој поглед. Тој нема тајна агенда, она што го кажува, го кажува многу јасно. И мене ми кажува сѐ отворено и јасно. И јас, исто така, му кажувам отворено и јасно. Едно друго име е претседателот на Русија, Владимир Путин. На средбите со Путин немаме тајна агенда. Преземаме многу јасни чекори. Верувам дека заедно ќе постигнеме да има мир во регионот.“

Во однос на членството на Турција во Европската Унија (ЕУ), Ердоган нагласи: „Ни велат ’Вашата популација е премногу голема‘. Всушност, тоа не е вистинската причина. Вистинската причина е тоа што ние сме муслимани.“

Во врска со распоредувањето на трупите во Либија, Ердоган рече: „Ако Либија има такво барање од нас, можеме да испратиме толку колку што е доволно.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın