Sevil Çelik
18 Јуни 2019•Ажурирај: 19 Јуни 2019
ИСТАНБУЛ (AA) - Во џамијата „Фатих" во Истанбул извршена е погребна молитва во отсуство за Мухамед Морси, првиот демократски избран претседател на Египет, кој вчера почина, јавува Anadolu Agency (AA).
На погребната молитва присуствуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој рече дека не е уверен дека до смртта на Морси дошло во нормални околности.
Toj додаде и дека оние кои му наштетиле на Морси се толку слаби и немоќни поради што се плашат и од безживотното тело на првиот демократски избран претседател на Египет.
„Не заборавете, и во оваа земја постојат ел Сиси и слични како него. Затоа, мораме да бидеме многу внимателни", рече Ердоган.
Погребната молитва во отсуство ја предводеше претседателот на Управата за верски работи на Република Турција, Али Ербаш.
Исто така, и во другите централни џамии во градовите во Турција во попладневните часови е извршена погребна молитва во отсуство за Мухамед Морси.
Погребната молитва во отсуство беше извршена и во џамијата „Аџи Бајрам“ во Анкара, а на молитвата присуствуваа претседателот на Големото народно собрание на Република Турција (TBMM), Мустафа Шентоп, министерот за правда, Абдулхамит Ѓул, портпаролот на Кабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, членот на Високиот советодавен одбор при Кабинетот на турскиот претседател, Булент Аринџ, гувернерот на Анкара, Васиф Шахин, пратениците на Парламентот и многу други.