Andaç Hongur
21 Април 2019•Ажурирај: 22 Април 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најостро ја осуди серијата терористички напади кои утринава се случија на Шри Ланка, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Најостро ги осудувам терористичките напади кои на празникот Велигден се извршени врз невини лица во црквите и хотелите во Шри Ланка. Тоа се напади врз целото човештво“, порача Ердоган на Твитер.
Ердоган во име на турскиот народ и во лично име упати порака со сочувство до семејствата на настраданите и на целиот народ на Шри Ланка.
Најмалку 129 лица загинаа, а 500 се ранети во одвоени бомбашки напади кои утринава се случија во три цркви и три хотели на Шри Ланка.
Цел на нападите беа цркви во местата Кочхикаде, Негомбо и Батикалоа, како и хотелите „Шангри ла“, „Кинамон гранд“ и „Кингсбури“ во главниот град Коломбо.