Beyza Binnur Dönmez
30 Јуни 2022•Ажурирај: 01 Јули 2022
МАДРИД (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Меморандумот потпишан со Финска и Шведска е дипломатска победа за Туркије, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган по самитот на лидерите на НАТО во Мадрид одржа прес-конференција во Конвенцискиот центар ИФЕМА.
Анкара го гледа потпишаниот меморандум со Финска и Шведска како показател на „разбирање на сензитивноста на Туркије“, рече Ердоган, нарекувајќи го меморандумот „почеток“.