Турција

Ердоган и Путин разговараа за исходот од самитот на Алјаска

„Претседателот Путин, привлекувајќи внимание на Истанбулскиот процес, му се заблагодари на претседателот Ердоган за одржувањето на мировните преговори и за напорите на Турција“

Büşra Nur Çakmak  | 20.08.2025 - Обновена : 20.08.2025
Ердоган и Путин разговараа за исходот од самитот на Алјаска

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин во телефонски разговор денес зборуваа за исходот од средбата на Алјаска минатата недела меѓу претседателите на САД и Русија, трговските прашања и билатералните односи, пренесува Анадолу.

„За време на разговорот беа разгледани исходите од самитот на Алјаска и билатералните односи меѓу Турција и Русија, особено трговските врски“, соопшти Дирекцијата за комуникации на Турција на турската платформа за социјални медиуми „NSosyal“.

„Претседателот Ердоган истакна дека внимателно ги следи случувањата поврзани со мировниот процес, нагласувајќи дека од почетокот на војната (во Украина), Турција искрено се стреми кон постигнување праведен мир и во овој поглед поддржува пристапи што имаат цел да воспостават траен мир со учество на сите страни“, се наведува.

„Претседателот Путин, привлекувајќи внимание на Истанбулскиот процес, му се заблагодари на претседателот Ердоган за одржувањето на мировните преговори и за напорите на Турција“, се додава во објавата.

Двајцата претседатели, исто така, „се согласија за важноста на одржувањето на дијалогот меѓу двете земји“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.