Kaan Bozdoğan
05 Март 2022•Ажурирај: 06 Март 2022
ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со претседателот на Европскиот совет, Шарлс Мишел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што се соопштува од Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател, двајцата челници разговарале за нападот на Русија врз Украина и за најновите случувања.
Ердоган во таа прилика истакна дека ќе продолжат да ги преземаат потребните напори за повторно воспоставување на мирот меѓу Русија и Украина.