Турција

Ердоган: „Добредојдени се градоначалници кои се држат настрана од тероризмот“

„Задоволство ми е да бидам со градоначалници кои се држат настрана од тероризмот, терориристичките групи и од беззаконието“, изјави Ердоган на собирот на градоначалниците на големите градови

?kipa  | 11.09.2019 - Обновена : 12.09.2019
Ердоган: „Добредојдени се градоначалници кои се држат настрана од тероризмот“

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека турските градоначалници кои ги избегнуваат терористичките групи и прекршувањето на законот се добредојдени во претседателскиот комплекс, јавува Anadolu Agency (AA).

„Задоволство ми е да бидам со градоначалници кои се држат настрана од тероризмот, терориристичките групи и од беззаконието“, изјави Ердоган на собирот на градоначалниците на големите градови во пресрет на локалните избори во март, и по минатомесечното суспендирање на градоначалниците од три града поради обвиненијата за тероризам.

Разрешените градоначалници се од градовите Дијарбакир, Мардин и Ван, и сите се од опозициската Народна демократска партија (HDP), партија која се товари за поврзаност со терористичката организација ПКК.

Ердоган на собирот истакна дека сликата за единство која произлегува од денешниот настан е клучна во време кога единството, братството и солидарноста се неопходни.

„Секако, ние можеби имаме различни политички ставови и позиции, но верувам дека можеме да демонстрираме доблест и да дејствуваме со солидарност кога станува збор за националните интереси на нашата земја и нашата нација“, изјави Ердоган.

Градоначалниците од владејачката Партија на правда и развој (АK Parti) и од најголемата опозициска Републиканска народна партија (CHP) беа поканети и присуствуваа на настанот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın