Nurettin Coşkun
29 Мај 2020•Ажурирај: 30 Мај 2020
ИСТАНБУЛ
Со богата програма денес во Турција е одбележана 567. годишнина од освојувањето на Истанбул, историскиот подвиг на Османлиската војска која ја предводеше султанот Мехмет Фатих II, јавува Агенција Анадолија (AA).
Како што претходно најави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во рамките на одбележувањето прочитано е куранско суре Ел-Фетх во Аја Софија, а се одржа и свеченото дефиле на чамци со знамиња со кои на Босфорот е оддадена почест на султанот Мехмед Фатих II.
Свеченото дефиле на чамци низ Бософорот од палатата Хубер го следеше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Ердоган преку видеоконференцијата говореше на програмата на одбележувањето, а во таа пригода подвлече дека генерациите кои не ја познаваат сопствената култура не можат да преживеат.
„Важно е 567. годишнина на освојувањето на Истанбул да ја одбележиме со читање на сурето Фетх и молитва во Аја Софија, бидејќи тоа е пораката на Фатих", рече Ердоган.
Подвлече дека се надева оти „на 600. годишнината на освојување на Истанбул, 2053 година, на новите генерации ќе им ја остават Турција достојна на Освојувачот".
Ердоган во текот на обраќањето читаше и превод на дел од Куранот.
Во попладневите часови денеска е организирано читање на делови од Куранот пред палатата Топкапи и други перформанси и концерти на воениот оркестар.
Исто така, организиран е и спектакуларен огномет во Истанбул, како и 3Д мапинг проекција со која хронолошки е раскажан процесот на освојување на Истанбул.