Barış Gündoğan
08 Септември 2016•Ажурирај: 08 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара изјави дека „во моментов во Џaрабулус не остана ништо што се нарекува ДАЕШ“, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тие ќе бегаат, ние ќе ги гониме. Ние ќе продолжиме со ова, имаме план, а тоа е турската граница да биде безбедна“, објасни Ердоган.
Според неговите зборови, напорите за создавање терористички коридор не треба и не смеат да се исполнат.
„Наместо терористички, ние ќе направиме коридор за безбедност. Само тоа. Воопшто не сме заинтересирани за сириската територија“, изјави турскиот претседател.
Турските вооружени сили и коалицијата на воздухопловните сили веќе 16. ден ја спроведуваат офанзивата „Штитот на Еуфрат“ против терористите во сирискиот регион близу турската граница, а веќе неколку дена од Турција, во ослободените делови на регионот се враќаат колони сириски бегалци.