Турција

Ердоган во посета на бродот за сондажа „Фатих“

Турскиот претседател беше пречекан од страна на министерот за енергетика и природни ресурси, Фатих Донмез

Berk Özkan  | 17.10.2020 - Обновена : 17.10.2020
Ердоган во посета на бродот за сондажа „Фатих“

ИСТАНБУЛ

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари посета на бродот за сондажа „Фатих“, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган заедно со потпретседателот на Турција, Фуат Октај, министерот за трезор и финансии, Берат Албајрак, шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, како и со портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, со хеликоптер допатуваа во турската област Зонгулдак.

Турскиот претседател тука беше пречекан од страна на министерот за енергетика и природни ресурси, Фатих Донмез, заменик-министерот за енергетика и природни ресурси, Алпарслан Бајрактар, генералниот директор на турската нафтена компанија TПAO, Мелих Хан Билгин, и генералниот директор на БОТАШ, Бурхан Озџан.

Откако ќе добие брифинг, се очекува Ердоган да одржи прес-конференција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.