Mümin Altaş
05 Февруари 2019•Ажурирај: 05 Февруари 2019
АНКАРА (AA) – Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во Анкара се состана со грчкиот премиер Алексис Ципрас, јавува Anadolu Agency (AA).
Грчкиот премиер претходно денеска го прими и потпретседателот на Турција, Фуат Октај.
Октај го дочека Ципрас на влезот во Претседателската палата, после што следуваше состанок кој траеше околу 45 минути.
На состанокот кој беше затворен за медиумите, присуствуваа амбасадорот на Турција во Атина, Бурак Озугергин и амбасадорот на Грција во Анкара, Петрос Мавроидис.