АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека во текот на состанокот во Анкара со грчкиот премиер Алексис Ципрас разговарал за бројни важни прашања, вклучувајќи и воспоставување на брза железница помеѓу Истанбул и Солун, јавува Anadolu Agency (AA).
„Разговаравме за проекти како што се покренување на поморски сообраќај кој ќе овозможи превоз на патници и товар помеѓу Измир и Солун. Разговаравме и за воспоставување на брза железница помеѓу Истанбул и Солун како и за завршување на другиот мост на граничниот премин Ипсала-Кипи", рече Ердоган на конферецијата за медиуми по состанокот во турската престолнина.
Турскиот претседател истакна дека Турција и Грција сите прашања можат да ги решат на мирен начин.
„Верувам дека Турција сите прашања со Грција може да ги реши на мирен начин и на основа на праведноста", рече Ердоган и додаде дека очекува Грција да не биде засолниште на терористите на ФЕТО.
„Од Грција очекуваме да не биде земја која е безбедно засолниште за припадниците на терористичките организации како ФЕТО, ПКК, ДХКП-Џ“, рече Ердоган.
Додаде дека е разговарано и за односите со Европската унија, напоменувајќи дека Брисел не ги исполнил своите обврски кои произлегуваат од Меморандумот за разбирање.
„Европската унија не ги исполни своите обврски кои произлегуваат од Меморандумот за разбирање од 18 март, посебно во врска со либерализацијата на визниот режим. Како што ние ги исполнуваме своите ветувања, така очекуваме и Европската унија да го испочитува договорот", рече Ердоган.
- Ципрас: „Немаме намера да бидеме заробеници на проблемите во регионот"
Премиерот на Грција, Алексис Ципрас на заедничката прес-конференција со турскиот претседател Ердоган, истакна дека немаат намера со Турција да бидат заробеници на проблемите во регионот и дека се обидуваат преку дијалог да најдат решение за проблемите.
Ципрас нагласи дека нивниот дијалог со Турција е искрен и посебен, како и дека успеале да воспостават позитивна агенда во турско-грчките односи.
Грчкиот премиер истакна дека на денешната средба ниту тој самиот, ниту пак Ердоган не вршат фатализам.
„Немаме намера да бидеме заробеници на проблемите во регионот. Се обидуваме преку дијалог да најдеме решение за проблемите“, додаде тој.
Грчкиот премиер рече дека на средбата донеле одлука за да продолжат со преземање чекори напред.
„Меѓусебно видовме дека се согласуваме во насока на намалување на тензиите во Егејско и преземење чекори кои ја зголемуваат довербата“, истакна Ципрас.
Тој нагласи дека на средбите разговарале и за прашања во областа на безбедноста.
„Со Турција се согласивме да ја зајакнеме соработката во областа на безбедноста“, рече Ципрас.
„Исклучително сум задоволен што е отворен каналот за комуникација со претседателот Ердоган. На овој начин можеме да направиме поконструктивни чекори“, додаде грчкиот премиер.
По сосотанокот на Ердоган и Ципрас во претседателската палата, одржан е и состанок на делегациите на двете земји. Грчкиот премиер претходно денеска го прими и потпретседателот на Турција, Фуат Октај.
news_share_descriptionsubscription_contact
