Güç Gönel,Berk Özkan
14 Јуни 2020•Ажурирај: 15 Јуни 2020
ИСТАНБУЛ
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, учествуваше на церемонијата организирана по повод пуштањето во употреба на третата писта на Аеродромот „Истанбул“, и отворањето на џамијата и државната резиденција на овој аеродром, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот претседател во своето обраќање истакна дека овој нов аеродром чекор повеќе е придонес за Истанбул како светски бренд.
Ердоган нагласи дека денес e отворањето на третата независна писта, втората кула и новиот пат за такси, како и џамијата и државната резиденција.
„Овој наш аеродром кој во вистинска смисла е ремек дело во светски рамки како и од аспект на капацитетот така и од аспект на процесот на изградба, претставува еден од симболите на целите на Турција во 2023 година“, рече Ердоган.
Тој потсети дека официјалното отворање на овој аеродром е реализиран на 29 октомври во 2018 година, но дека овој аеродром со полн капацитет почна да работи од 6 април во 2019 година.
Како што рече Ердоган, до денес на овој аеродром се реализирани 423.000 летови, како и дека патувале 65 милиони патници.
Претседателот на Турција нагласи дека аеродромот „Истанбул“ со сегашната состојба има капацитет од 90 милиони патници годишно.
„Овој аеродром е изграден со план преку кој може да се прошири до 200 милиони патници годишно“, додаде тој.