Aida Cako
21 Ноември 2024•Ажурирај: 22 Ноември 2024
ИСПАРТА (АА) – На езерото Егирдир, едно од најубавите природни богатства на Туркије, се забележува значително намалување на нивото на водата во последните години поради климатските промени и сушата, јавува Анадолу.
Ова езеро, кое го нарекуваат езеро во седум бои поради неговите неверојатни нијанси на боите, е од витално значење за регионот бидејќи се користи за земјоделско наводнување, туризам, риболов, а исто така претставува и извор на вода за пиење.
Сместено на само 107 километри северно од Анталија, ова прекрасно езеро го краси градот Егирдир во областа Испарта, кој се наоѓа на неговиот јужен брег.
Егирдир, со површина од околу 482 квадратни километри, е четврто најголемо езеро во Туркије и е препознатливо по кристално чистата вода во која се отсликуваат околните планини, создавајќи слика што ги привлекува посетителите од целиот свет.
Областа околу езерото изобилува со биодиверзитет. Тоа е дом на голем број растителни и животински видови.
Исто така, зелениот пејзаж околу езерото, збогатен со дрвја и цветни растенија, придонесува за неговата природна убавина и обезбедува живеалиште и за многу диви животни.
Во последните години поради климатските промени и недоволните врнежи драстично е намалено нивото на водата во езерото.
На фотографиите што ги направи фоторепортерот на Анадолу може да се види дека морските треви сега се видливи и на места што некогаш биле под вода.
И покрај убавината на ова езеро, со оглед на тоа дека е главен извор на вода за регионот, потребни се итни мерки за спречување на дополнителното намалување на нивото на водата.