Турција, живот

Десетгодишник од Турција има колекција од речиси 1.000 играчки автомобили

Интересот на Алпаслан започнал кога татко му по враќањето од работа му носел мали играчки-автомобили. Со текот на времето оваа љубов се претворила во вистинска страст.

Hale Pak  | 03.01.2026 - Обновена : 05.01.2026
Десетгодишник од Турција има колекција од речиси 1.000 играчки автомобили Фото: Hale Pak/AA

БУРДУР (АА) - Љубовта кон играчките автомобили на 10-годишниот Алпаслан Шахин од Бурдур, Турција, која започнала кога имал само две години, со поддршка од неговото семејство прерасна во впечатлива колекција составена од речиси 1.000 возила, јавува Анадолу.

Интересот на Алпаслан започнал кога татко му по враќањето од работа му носел мали играчки-автомобили.

Со текот на времето оваа љубов се претворила во вистинска страст, а во изминатите околу осум години резултирала со голема колекција на различни модели и бои.

Семејството му поставило полици во собата за да може уредно да ги изложува своите автомобили.

Алпаслан со голема грижа ги чува автомобилите на полиците во својата соба и сам редовно се грижи за нивното одржување, при што еднаш неделно ги чисти и полиците и играчките.

Тој преферира модели со детали слични на вистинските возила, при што најмногу го привлекуваат играчки што личат на реални автомобили.

- „Има посебен интерес кон сите автомобили“ -

Неговата мајка Хатиџе Шахин во раговорот со АА рече дека нејзиниот син уште од малечок покажувал посебен интерес кон автомобилите.

Таа истакна дека Алпаслан речиси и не играл со други играчки.

„Кога Алпаслан имаше околу две години, татко му му носеше мали автомобили кога се враќаше од работа. Бидејќи тоа многу го радуваше, навиката продолжи. Има посебен интерес за сите автомобили, без оглед дали се мали или големи. Додека другите родители носеа резервна облека во чантите, јас носев играчки-автомобили. Каде и да одевме, задолжително носевме по еден автомобил со нас“, раскажа таа.

Шахин додаде дека и чистењето на играчките го прави Алпаслан бидејќи сака да се погрижи да не се оштетат.

- „Во моментов имам речиси 1.000 автомобили“ -

Алпаслан Шахин изјави дека неговата врска со автомобилите започнала на многу рана возраст и дека во колекцијата има возила од различни серии.

„Во моментов имам речиси 1.000 автомобили во мојата колекција. Сите се во различни бои и модели. Секојдневно, односно еднаш неделно, ги чистам еден по еден. Кога купувам нов автомобил, внимавам дали веќе го имам, каква боја е и какви карактеристики има. Сакам автомобили што личат на вистински, а фантастичните најчесто не ги купувам“, рече тој.

Алпаслан нагласи дека има посебен интерес за серијата „Брзи и бесни“, од која во неговата колекција недостигаат само уште два модела.

Зборувајќи за своите соништа, тој истакна дека и во иднина сака да биде поврзан со автомобилите.

„Не можам да купам 1.000 вистински автомобили, но се надевам дека ќе можам да купам барем 10. Кога ќе пораснам, сакам да се занимавам со нешто поврзано со автомобилите“, рече Алпаслан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.