Emrah Gökmen,Uğur İslamoğlu
28 Јануари 2024•Ажурирај: 28 Јануари 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерот за внатрешни работи на Република Туркије, Али Јерликаја, соопшти дека две маскирани лица извршиле напад на црква во Истанбул, убивајќи најмалку едно лице, известува Анадолу.
Министерот Јерликаја на социјалната мрежа Х објави дека овој вооружен напад се случил во текот на неделната миса во црквата Санта Марија во истанбулската населба Сариер во 11:40 часот по локално време.
Јерликаја го осуди нападот и додаде дека надлежните институции работат на фаќање на извршителите на нападот.