Cihan Demirci
13 Септември 2020•Ажурирај: 14 Септември 2020
ЕДРЕНЕ (АА) - Грчките погранични единици со гумени куршуми ја погодиле во ногата 8-годишната Газин Абду, која сакала да ја премине границата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турските безбедносни сили во областа Мерич, во Едрене, идентификуваа 9 нерегуларни мигранти од Сирија, од кои еден беше повреден во стапалото.
Повредената Газин Абду е пренесена во болница.
Постариот брат на Газин Абду, 19-годишниот Хазар Абду, во изјавата за Агенција Анадолија (АА) рече дека дошле на грчката граница за да одат во Европа.
Истакнувајќи дека заедно со своето семејство одлучиле да ја пробаат среќата да одат во Европа, Абду рече: „Грчкиот војник на границата нè погоди. Мојата сестра беше застрелана со 2 гумени куршуми во ногата. Подоцна тие нè навредуваа, кажувајќи лоши зборови ни рекоа да се вратиме. Турската полиција нам ни помогна. Нè донесоа во полициската станица. Потоа нè однесоа во болница, ја лекуваа сестра ми.“
Газин Абду ѝ се заблагодари на Турција.
По спроведените постапки, нерегуларните мигранти се однесени во Дирекцијата за миграција во Едрене.