Lale Bildirici
26 Октомври 2017•Ажурирај: 26 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во истанбулската општина Бејоглу, градоначалникот Ахмет Мисбах Демирџан го пречека градоначалникот на општина Центар од Скопје, Саша Богдановиќ, по што двајцата градоначалници на збратимените општини, со своите делегации се состанаа во собраниската сала на општината, јавува Anadolu Agency (AA).
Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, е во официјална посета на општина Бејоглу, Истанбул во рамките на состанокот на градоначалниците на збратимените градови.
„На средбата се разменети искуства за функционирањето на двете општини. Двајцата градоначалници констатираа дека Центар и Бејоглу имаат можности за заеднчки проекти и размена на искуства. Договорена е соработка во сите области", информираа од општина Центар.
Меѓудругото, во рамките на состаноците со градоначалниците на збратимените општини, градоначалникот на општина Бејоглу, Ахмет Мисбах Демирџан, информираше дека на Општина Бејоглу и е препуштена одговорноста за Медитеранот околу проектот Организацијата е-Влада (WeGo e-Goverments Organization) која е формирана под закрило на Обединетите нации (ОН).