Kadir Yıldız
26 Октомври 2017•Ажурирај: 26 Октомври 2017
КОЏАЕЛИ (АА) - Во организација на градот Коџаели се одржа Самитот „Карталтепе 2017“, на темата „Симпозиум за 15 јули и државни удари во меѓународната јавност“, чиј глобален комуникациски партнер е Anadolu Agency. На Самитот учествуваше и нејзиниот почесен претседател, министерот за кутура и туризам на Турција, Нуман Куртулмуш, кој во своето обраќање истакна дека самитот е започнат со цел да биде турски Давос. Тој истакна дека се надева оти самитот ќе го надмине Давос и дека Турција ќе стане значајна точка на средби, јавува Anadolu Agency (AA).
Куртулмуш рече дека не е случајно што во поголемиот дел од земјите во коишто се случиле обиди за државен удар, националниот приход по жител е под 2.000 долари, и додаде дека е потребен синхронизиран развој на економијата и демократијата.
Тој истакна дека се појавуваат некои елементи кои се залагаат за своите интереси и го активираат механизмот на државни удари, и посочи дека може да се забележи оти во историјата на демократијата на Турција, државните удари заземаат историско место.
- Не можеме да седиме настрана велејќи: „Фала му на Бога, се спасивме од ФЕТО“ -
Зборувајќи за военото и цивилното единство при државните удари во Турција, Куртулмуш рече дека демократизацијата на умот кај цивилите е едно од најважните прашања на демократијата во Турција.
Куртулмуш рече дека многу важна точка е отстранувањето на привилегијата на воената бирократија, додавајќи дека по 15 јули, направени се чекори за воспоставување врска меѓу армијата и цивилното раководство, што е голема придобивка за Турција.
Од тој аспект, зборувајќи за преземените чекори, Куртулмуш рече дека тоа не ги ослабнало турските вооружени сили, туку напротив, било потребно за да се надополнат нововоспоставените врски.
Куртулмуш рече дека со преземањето на која било државна група, не се станува институција, и посочи дека должност на секој е зајакнување на државната бирократија, во рамките на државните заслуги, дозволи и принципи на лојалност.
Куртулмуш истакна дека најважна причина за државните удари во Грција, Шпанија, Латинска Америка, Египет, Турција и во другите земји е што поголемиот дел од народот во овие земји бил држен настрана од политиката и економијата, раководството и процесите на одлучување. Тој додаде:
„Кога не се остава делот од економскиот развој на народот, кога тој се држи настрана од одлуките и нема место за политиката во механизмите на одлучување, кога ќе погледнеме кон секое од овие општества, можеме да забележиме дека сето тоа предизвикува големи немири, кои користејќи ги политичките турболенции, стануваат цел на аспирациите и желбите на внатрешните и надворешните кругови… Не можеме да седиме настрана велејќи: 'Фала му на Бога, се спасивме од ФЕТО'. Сето тоа покажува дека пред Турција стои период на сериозна работа“.