Arife Yıldız Ünal
28 Октомври 2018•Ажурирај: 29 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Арифе Јилдиз Унал, Ханифе Севинч, исмаил Оздемир Ердал Челикел
Новиот аеродром во Истанбул, чија прва фаза на 29 октомври ќе ја отвори турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, ќе содржи голем број карактеристики по кои ќе биде препознатлив во светот, било да станува збор за големината, инфраструктурата, безбедносните системи или за дизајнот. На отворањето на аеродромот своето присуство го потврдија повеќе од 50 високи функционери од светот, пишува Anadolu Agency (AA).
Церемонијата на отворање ќе биде проследено со директен пренос насекаде низ светот.
Церемонијата на отворање на аеродромот кој годишни ќе опслужува 90 милиони патници е закажано за утре, 29 октомври со почеток во 14:00 часот, со концерт на претседателскиот симфониски оркестар.
- Учество на голем број државни функционери на церемонијата на отворање
На церемонијата на отворање ќе учествуваат претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, Емирот од Катар, Хамад бин Халифа ел-Тани, претседателот на Киргистан, Соронбај Јенбеков, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на БиХ, Дениз Звиздиќ, претседателот на Косово, Хашим Тачи, претседателот на Албанија, Илир Мета, премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, претседателот на Турската Република Северен Кипар, Мустафа Акинџи, претседателот на Молдавија, Игор Додон, претседателот на Пакистан, Ариф Алви, претседателот на Судан, Омар Хасан Ахмад Ал Башир, заменик-премиер и министер за транспорт и врски на Демократска Република Конго, заменик-премиер и министер за инфраструктура на Словенија, Аленка Братушек, министерот за надворешни работи на Грузија, Давид Залкалиани, министерот за надворешни работи на Иран, Мухамед Џевад Зариф, претсдателката на автономната покраина Гагаузија, Ирина Влах.
Покрај тоа, на отворањето претседателите и премиерите на голем број државите ќе ги придружуваат министри за надворешни работи и транспорти врски.

- Првиот лет на 31 октомври кон Анкара
Првиот лет од аеродромот кој во функција ќе биде ставен по одржаните говори, ќе се реализира на 31 октомври кон Анкара, со авионот од типот „Boeing 777“ на турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines).
Аеродромот е изграден на вкупна површина од 76,5 милиони квадратни метри, а другите фази би требало да бидат завршени до 2023 година.
По завршувањето на работата, аеродромот ќе содржи шест одвоени писти, ќе има капацитет за 500 авиони, паркинг од отворен и затворен тип со капацитет од 70.000 возила и годишно ќе опслужува околу 200 милиони патници.
По завршување на потребните процедури до крајот на годината, се очекува дека на аеродромот ќе слетуваат и полетуваат 2.000 авиони на ден, од повеќе од 350 дестинации, а услуги ќе нудат 250 авиокомпании.
Во првата етапа се планирани дневно пет слетувања, а исто толку и полетувања. Планирани се летови кон Анкара, Измир и Анталија во земјата, односно кон Турската Република Северен Кипар и Азербејџан, кои ќе бидат први меѓународни летови.
Се очекува на аеродромот дневно да слетуваат и полетуваат 2.000 авиони, кон повеќе од 350 дестинации, а своите услуги ќе ги нудат 250 авиокомпании.
Новиот аеродром, уште пред отворањето доби неколку награди, па се очекува тој тренд да продолжи и во иднина.